Автоматика и Флуидно Инженерство

Академски (4 годишни) студии
Студиска програма (насока): 
 
Предлагач ИНСТИТУТ ХИДРОТЕХНИКА, ПНЕВМАТИКА И АВТОМАТИКА

Студиската програма АВТОМАТИКА И ФЛУИДНО ИНЖЕНЕРСТВО(АФЛ)
/Field of sтudy AUTOMATICS AND FLUIDS ENGINEERING

Вид на програмата Додипломска универзитетска програма

Образовен степен Дипломиран универзитетски инженер по машинство
(диплома) / Diplom Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)

Идентификација на потребите и можностите за вработување - хидроелектрани, пумпни станици и мелиоративни системи
- пречистителни системи за загаден воздух, за отпадни флуиди од   индустријата и за комунални отпадни води
- гасоводни и нафтоводни системи
- индустрија, мали и средни претпријатија од областа на   хидротехниката и автоматиката
- експлоатација, одржување, мониторинг и управување со   хидраулични системи и постројки
- проектирање, експлоатација и одржување на системи за автоматско   управување
- компјутерско управување со машини и процеси
- инспекциски служби од областа на хидротехниката и автоматиката
- трговија со елементи и компоненти за потребите на   хидротехничките и автоматизираните постројки

Основни компетенции на профилот: - познавање на градбата и перформансите на хидрауличните   системи, и нивно управување
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа,   експлоатација и одржување на хидромашински објекти и опрема,   гасоводни и нафтоводни системи, системи за хидрауличен и   пневматски транспорт, пречистителни системи, мелиоративни   системи
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа,   експлоатација и одржување на системи за автоматско управување
- проектирање, надзор при монтажа, пуштање во работа,   експлоатација и одржување на системи за компјутерско управување   со машини и процеси
- спроведување на прописи и испитувања, експертизи и вештачења   во областа на хидротехничките системи и системите за автоматско   управување
- менаџирање на трговски и сервисни организации од областа на   хидротехниката и автоматиката.