Менаџмент на животен циклус на производ ПД

Постдимломски (магистерски) студии
Студиска програма (насока): 


Вид на програма

Академски магистерски студии (Студиска програма на втор циклус студии)

Назив на студиската програма

 македонски

 МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД

 англиски

 PRODUCT LIFECYCLE MANAGEMENT (PLM)

Акроним

 Магистерски студии за PLM

Институција предлагач

 Универзитет “Св.Кирил и Методиј” во Скопје
 Машински факултет - Скопје
 Институт за производно инженерство и менаџмент

Траење

 1 година (2 семестри)

ЕКТС

 60

Јазик

 Англиски и македонски

Назив на дипломата

 македонски

 Магистер по технички науки од областа на
 индустриско инженерство и менаџмент

 англиски

 Master of Science in Industrial Engineering and Management

Компетенции

 Генерални компетенции:
·      Способност за работа во интердисциплинарни тимови
·      Способност за анализа на проблеми
·      Способност за синтеза и проектирање на решенија
·      Способност за примена на знаењето во пракса
·      Моќ за генерирање на нови идеи и решенија (креативност и иновативност)
·      Моќ за синтетизирање на знаења и учење
·      Способност за критичко мислење
·      Способност за донесување на одлуки во реално време
·      Способност да се применуваат истражувачки постапки и методи
 Специфични компетенции:
·      Истражување и предвидување на потребите во бизнис процесите на компанијата;
·      Проектирање на нови производи и нови технологии;
·      Управување и моделирање на фазите во животниот циклус на производот;
·      Управување, проектирање и метрика на бизнис процесите;
·      Способност за управување со функциите во компанијата и нивна интеграција;
    ·      Управување со податоците за производите / процесите во интегриран информациски систем во компанија;
·      Експертско познавање на областите изучувани преку студиските предмети;
·      Управување со производите / процесите во функција на одржлив развој и заштита
 на животната средина;
·      Способност за генерирање на иновативни пристапи;
·      Решавање на практични проблеми со употреба на научни методи и постапки;
·      Вршење на консултантски услуги поврзани со проектирање и управување
 со производите /услугите /процесите;
·      Способност за поврзување на теоретските знаења со нивна практична примена
 во изучувани области за бизнис процесите во компаниите, а при управувањето со
 сите фази од животниот циклус на производот;
·      Владеење на истражувачки методи и способност да се продолжи и школувањето
 на докторски студии.