Применето термичко инженерство

Професионални (3 годишни) студии
Студиска програма (насока): 
Предлагач ИНСТИТУТ ЗА ТЕРМОТЕХНИКА И ТЕРМОЕНЕРГЕТИКА

 

Студиската програма ПРИМЕНЕТО ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО (ПТИ)
/Field of sтudy APPLIED THERMAL ENGINEERING

 

Вид на програмата Додипломска професионална програма

 

Образовен степен Дипломиран инженер по применето термичко инженерство
(диплома) / Diplom Bachelor of engineering in applied thermal engineering 3 (B.Eng.3.)

 

Идентификација на потребите и можностите за вработување - управување и раководење со термотехнички и термоенергетски   постројки и системи,
- експлоатација и одржување на термички машини и постројки,
- надзор при изградбата на термички постројки и системи,
- менаџмент со термичките постројки и системи,
- заштита на човековата околина

 

Основни компетенции на профилот: - познавање на уредите и опремата за искористување на изворите на   енергија и начините за нејзина трансформација,
- експлоатација и одржување на термички постројки,
- прописи и испитувања на термичките машини и постројки,
- надзор и инспекција при изградбата на термички постројки и   системи,
- прописи и мерки за заштита на животната средина