Производно Инженерство

Академски (4 годишни) студии
Студиска програма (насока): 
 
 
Предлагач ИНСТИТУТ ЗА ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО

Студиската програма ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО (ПИ)
/Field of sтudy MANUFACTURING ENGINEERING

Вид на програмата Додипломска универзитетска програма

Образовен степен Дипломиран универзитетски инженер по машинство
(диплома) / Diploma Bachelor of Science in Mechanical Engineering 4 (B. Sc. 4.)

Идентификација на потребите и можностите за вработување - индустрија, мали и средни претпријатија, претежно од областа на   металната индустрија
- конструкција, експлоатација и одржување на машини и алати
- следење и планирање на производството
- одржување на постројки во разни индустрии
- комерцијално работење во металната индустрија

Основни компетенции на профилот: - познавање на машини, алати, технологии и производи
- проектирање и конструирање на машини, алати и други производи   во металната и други индустрии
- експлоатација и одржување на машини и системи
- испитување на машини и опрема
- експертизи и вештачења во металната индустрија
- менаџмент на производство, развој, комерција и претпријатија