Алумни
Алумни Асоцијацијата при факултетот е формирана 05.02.2009.
Во неа членуваат сите дипломирани студенти на Машинскиот факултет во Скопје.
Денес низ многу земји во светот работат нашите алумни.
Без разлика каде ќе ги однесе кариерата и животниот пат, нашите алумни се секогаш добредојдени на Машинскиот факултет.
Нашата подршка, контакт и соработка со нив е доживотна. Во тој контекст тие се вклучени во работата на факултетот преку присуство на настани, учество во работни групи и подршка на тековните студенти преку советување за нивната кариера и организирање на пракса во компаниите во кои работат.


