Тековни информации
FP7 Networking Day
Стопанската Комора на Северо Западна Македонија со подршка на Агенцијата за Подршка на Претпиремништвото на Р. Македонија на ден 11.09.2009 во Скопје организира "FP7 Networking Day" . Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Р.Македонија (ул. Димитрија Чуповски бр.13, 5-ти спрат во Конференциската Сала.
Целта на настанот е претставување на тековната Seventh Framework Programme (FP7) и начинот за аплицирање за искористување на грандтовите на FP7.
Учесниците на настанот ќе можат да ги промовираат своите FP6/FP7проекти и идеи.
Г-динот Leonardo Piccinetti ќе има свое излагање за искуствата во подготовката и лобирањето во ЕУ администрацијата во Брисаел со акцент на Мали и Средни Претпријатија и теми од Енергетиката, Енергетската ефикасност и Екологија.
Учеството на настанот е бесплатно, но поради ограничениот број на учесници потребна е предходна регистрација. Во прилог ја имате програмата на настанот и формулар за аплициање.
Вашето присуство, како и доколку имате одредени прашања и предлози може да ги доставите на факс (02) 3290075 или на е-маил: info@oemvp.org најдоцна до четврток (10.09.2009). Лице за контакт е г-динот Блерим Златку
| 190.84 KB | |
| 197.5 KB | |
| 780.33 KB | |
| 781.16 KB |


