Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Натпревар: „НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ - 2024“

Почитувани,
Центарот за извонредност во зелени иновации, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, заедно со партнерите Македонија2025 и Халкбанк АД Скопје, а поддржано од проектите GREENOVET и WBC-RRI.NET Embedding RRI in Western Balkan Countries со големо задоволство го организираат натпреварот за „НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ - 2024 година“ за учениците од сите средните училишта во нашата држава.

Со цел да им помогнеме на сите наставници-ментори да ги надградат своите знаења и вештини и да ги водат своите ученици при развој на зелени бизнис решенија, организаторите на Натпреварот ги покануваат наставниците ментори на еднодневна обука за развој на бизнис концепт за зелени иновации, која ќе се одржи на 17.02.2024 (сабота) во просториите на Машинскиот факултет.
За таа цел, Ве покануваме да се пријавите за учество на обуката на следниот линк. Пријавувањето трае до 15.02.2024 година.

Финалниот натпревар ќе се одржи на 23.03.2024 (сабота) во просториите на Машинскиот факултет во Скопје (амфитеатар) и истиот ќе се одвива на англиски јазик. Правилата за учество на натпреварот можете да ги најдете на следниот линк

Рокот за испраќање на апликациите е до 11.03.2024 (понеделник) до 24:00 часот.

Нашите партнери Македонија 2025 и Халкбанка ќе обезбедат пригодни награди за најдобрите тимови.

Дополнителен мотив за учество во натпреварот е наградата која е обезбедена од проектот GREENOVET преку кој за првопласираниот тим е обезбедено учество на меѓународниот натпревар за зелени иновации кој ќе се одржи во Грац, Австрија во периодот од 15-19 април 2024 година.

Ве очекуваме!

Соопштенија за студенти

Соопштение за вонредна февруарска испитна сесија во учебната 2023/2024

Се известуваат студентите дека во вонредниот февруарски испитен рок ќе може да полагаат:

само еден предмет од зимски или од летен семестар ;

Пријавувањето на испитите за вонредниот февруарски испитен рок  ќе се врши на 05.02.2024 (понеделник) од 12.00-14.00 часот преку шалтерите на студентската служба.
Секој студент е должен да достави уплатница во висина од 2000 денари (по предмет) на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95

Износ: 2000
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723012  41    Начин: 2

ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ најдоцна до 04.02.2024 (недела)  СО МАКЕДОНСКА ПОДДРШКА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

Испитната сесија ќе се спроведе на 07.02.2024 година (среда)

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 06.02.2024 година (вторник)

Студентите се должни да пополнат пријава во  хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.

Скопје, 30.01.2024                           Од Деканатот на МФС

 

Испити

Повикот за ИноКамп 3 е отворен

Пријави се за тридневно иновациско искуство со сите вклучени трошоци.

Ако си студент на природни или технички науки или имаш интерес и искуство поврзано со предизвикот тогаш Инокампот е наменет за тебе.

 

23-25 февруари во Кавадарци

48 часа

120.000,00 МКД награда за победникот

 

Предизвикот за Инокамп 3 е Креирање на модел на одржливо училиште.

Повеќе информации за повикот и апликациската форма можеш да најдеш на следниот линк

Соопштенија за студенти

СООПШТЕНИЕ за задолжителен систематски преглед за студентите од прва година запишани во учебната 2023/2024

Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2023/2024 дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период

од 7:30 до 12:00 часот секој работен ден

во ЗУ Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).

Потребни документи:

  1. Индекс;
  2. Заверена здравствена легитимација
  3. Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.

ВАЖНО: Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот семестар во учебната 2023/24 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.

 

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Скопје, 17.01.2024

Соопштенија за студенти

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

На ден 29.12.2023 година студентите на студиската програма Енергетика и екологија (ЕЕ) и Автоматизација и управувачки системи (АУС) на прв циклус студии, трета година на студии, направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје.

Посетата беше организирана од страна на професор д-р Ристо Филкоски и асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор во ТЕ-ТО, дипломиран машински инженер. Тој одржа сеопфатна презентација за компанијата, претставувајќи ја историјата на проектот, карактеристиките на технологијата на комбинираниот циклус, давајќи увид во термодинамичките циклуси и опремата на постројката што се користи за производство на електрична и топлинска енергија. Студентите имаа можност да прошетаат на локацијата, да ја погледнат опремата во реалноста, со цел надополнување на теоретското заење кое го имаат стекнато во текот на студиите и стекнување искуство во индустриски капацитети. Исто така, тие беа воведени во начинот на мониторирање на работата на постројката преку SCADA системот со кој се прави моментално и континуирано следење на параметрите и перформансите на постројката, системите за безбедност и заштита на опремата, системите за мерење на емисии во воздухот.

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top