Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Пријави се на напреварот Формула Студент

Со задоволство ги покануваме студентите да се придужат на тимот на MES Racing (Macedonian Engineering Students), кој за прв пат ќе се натпреватува на една од познатите локации на интернационалниот натпревар Формула Студент. Целта на натпреварот е да се изработи автомобил, со кој студентите ги градат своите вештини и успеваат да ги применат знаењата кои ги стекнале во текот на студирањето, но и да научат практични работи кои нема да ги сретнат на ниедно друго место.

Со учество на натпреварот, секој студент ќе биде предизвикан да иновира, дизајнира и придонесе на производството на тркачко возило со конкурентни карактеристики, преку соодветни истражувања, производство и тимска работа во склоп на академската средина.

Битни датуми и крајни рокови:

  • Краен рок на конкурсот: 31ви октомври
  • Аплицирање како тим: декември 2023та година
  • Главното натпреварување ќе е во лето 2024та.

Може да аплицира секој кој е запишан на додипломски и постдипломски студии на УКИМ и да се придружи на инженерскиот дух на тимот.

ДОСТАПНИ ПОЗИЦИИ:

Маркетинг

  • познавање софтвер за графички дизајн и видео уредување (Adobe Photoshop, GIMP, Adobe Illustrator, Adobe Premiere Pro или слично)
  • креативно пишување на кратки текстови и содржини
  • одговорност и достапност

Проектен менаџмент

  • искуство со пишување на бизнис стратегии и планови
  • солидни презентациски вештини
  • критични вештини се SWOT и ROI анализи, како и менаџирање на ризик
  • способност за создавање и водење на финансиска анализа

Погон

  • познавање на конструкција на моторни единици, трансмисија, диференцијали и останати компоненти
  • практично искуство со расклопување, реставрација и склопување на мотори
  • способност за тестирање и анализирање на работата на погонските единици

Електроника

  • познавање од основи на електроника и аналоген дизајн
  • познавање на CAD софверски пакети (OrCAD, LTspice или KiCad)
  • практично искуство со лабораториски инструменти (осцилоскопи, мултиметри, лемилици, итн.)
  • програмирање на микроконтролери
  • анализа и обработка на податоци и електрични симулации

CAD Дизајнер

  • познавање на софтвери за 3D моделирање (Solidworks, AutoCAD, Autodesk Inventor…)
  • изработка на работилнички цртежи и општа техничка документација на склопови и потсклопови
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Аеродинамични симулации со Ansys и аеродинамични испитувања

  • искуство со изработка на струјни слики во Ansys
  • познавање на природата на флуидите
  • спроведување лабораториски истражувања на аеродинамични компоненти на болидот
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Производни технологии

  • познавање и искуство со цртање на технички цртежи
  • познавање на различни матерјали достапни на пазарот за производство
  • познавање од технолошки процеси за обработка (обработка, заварување, производство на адитиви и композитно поставување)
  • креативност за создавање на макети и прототипови
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Човечки ресурси и односи со јавноста

  • меки вештини (комуникативност, networking, креативност, преговарање…)
  • одговорност, достапност и ентузијазам
  • водење на работна евиденција на тимските членови
  • континуирано следење на одзив од потенцијалните спонзори

Линк за пријавување

За секакви прашања, контактирајте нѐ на мејл адресата:

formulastudentmacedonia@gmail.com


м-р Ненад Алексиќ, Секретар

Соопштенија за студенти

Иновативни оnline oбуки од областа на Индустрија 4.0

Пријавете се за online-обуките развиени од Smart Learning Factory – Skopje во рамките на Машинскиот факултет – Скопје заедно со партнерите од Шведска, Естонија, Австрија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Темите се:

  • Understanding Lean 4.0 through Smart Poka Yoke,
  • Harnessing the Power of Digital Kanban with RFID Technology,
  • Introduction to Quality Control,
  • Machine Vision for Quality Control,
  • Introduction to Collaborative Robots,
  • Setting up and using Universal Robots driver and MoveIt on ROS 2 Humble Hawksbill and
  • Integrating Universal Robots cobot and a vision system for manufacturing,

Рокот за пријавување е до 10.10.2023 година.

За повеќе детали и формата за пријавување, повелете на следниот линк.

Тимот на SLFS

ПОКАНА ЗА ПРВ СВЕЧЕН ЧАС

Ги поканувам сите новозапишани студенти во прва година во учебната 2023/2024 година на Машински факултет во Скопје да присуствуваат на првиот свечен час кој ќе се одржи на 02 октомври 2023 година (понеделник) со почеток во 12:30 часот во Амфитеатарот.

Со свеченоста ќе се одбележи почетокот на новата учебна година за новозапишаните студенти на Факултетот.

ДЕКАН

Проф. д-р Златко Петрески, с.р

Уписи 2023

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година - ТРЕТ уписен рок

 

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ВТОР уписен рок 2023/24

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ВТОР уписен рок во учебната 2023/24 година

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година - ВТОР уписен рок

 

ДОКУМЕНТИ кои треба да се достават при запишување на примените кандидати за упис во ПРВ уписен рок во прва година во учебната 2023/2024 година

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ПРВ уписен рок 2023/24

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ПРВ уписен рок во учебната 2023/24 година

 

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година

Повик за учество на иновациски камп „ХАКИРАЈ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“

Повик до студентите на Машинскиот факултет - Скопје да земат учество во иновацискиот камп „Лоцирање и следење на балкански рис и проучување на неговата екологија и биологија“. Во рамките на предизвикот потребно е да се изготви и дизајн и конструкција на кафез-замка.
 
Повеќе информации за кампот на следниот линк:
 
Повеќе информации за повикот на следниот линк:
 

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top