Соопштенија за студенти

Одбележување на меѓународниот ден на студентите

ПОКАНА ЗА НАСТАН - Одбележување на меѓународниот ден на студентите

 

Локација: Студентски Културен Центар (Палата Кузман) - Мптрополит Теодосиј Гологанов 36, Скопје

Датум 16.11.2023 Почеток 18:00


Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скапје, ве поканува на настанот - Одбележување на меѓународниот ден на студентите - кој ќе се одржи во Студентски Културен Центар при УКИМ со почеток во 18:00.

Настанот е предвиден да започне со поздравни обраќања на Претседателат на Универзитетското Студентско Собрание, Александар Николовски, Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и досегашната в.д. претседателка на УСС, Савче Ѓошева.

На настанот ќе бидат присутни студенти од сите Факултети на Универзитетот, кои низ просториите на Културниот центар, на штандови ќе претстават дел од стекнатите вештини и знаења во процесот на студирање, се со цел поголемо вмрежување на студентите на сите факултети, спознаваt-ве на нови знаења и проширување на хоризонтите.

Присутни на настанот ќе бидат и претставници од Клубот на млади пратеници, претставници од Владата задолжени за водење на младинските политики, Министеството за образование и наука, Националниот младински совет, Сојузот на средношколци, претставници од останатите Универзитетски собранија и невладините организации кои ја поддржуваат работата на УСС - УКИМ.

Ве очекуваме заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на студентите!

СООПШТЕНИЕ - ПОДИГАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Студентите запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2023/2024 година се должни да ги подигнат оригиналните документи од претходно завршеното образование од студентската служба согласно член 158 од законот за високото образование.

Документите можат  да се подигнат во периодот од 18.10. До 27.10.2023 година преку шалтерите на студентската служба од 12.00 – 14.00 часот.

Студентите задолжително со себе да понесат индекс.

18.10.2023, од Деканатот на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по странски јазици

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по странски јазици за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Студентите можат за изберат некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик. Наставата на курсевите ќе се одвива во текот на 10 недели по четири часа неделно, започнувајќи од 24 октомври 2023 година.

Повеќе информации за бесплатните онлајн курсеви по странски јазици  може да се добијат на линкот:

Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје (ukim.mk)

Програма за пракса на германското стопанство за земјите од Западен Балкан

Оваа програма овозможува платена пракса во една од водечките компании во Германија со цел студентите да ја зголемат можноста за вработување во нивната татковина. Програмата има обезбедено пракса за повеќе од 1000 студенти и неодамна дипломирани студенти во последните 20 години. Многу од нив работат назад во нивните земји каде што придонесуваат за понатамошен развој на регионот. По нивното враќање, поранешните стипендисти се вклучени во регионалната алумни мрежа која редовно им обезбедува дополнителна едукација.

За дополнителни информации ве молиме посетете ја веб-страницата: www.stipendienprogramm.org

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Германска стопанска комора - настан за вмрежување на компаниите со младите професионалци и студентите

Германската стопанска комора организира настан за вмрежување помеѓу македонски и германски/и останати странски компании, како и поддршка на програми за професионално усовршување на млади лица со цел да стекнат квалитетна пракса/обука и да станат квалитетен кадар за пазарот на трудот.

Овој настан е наречен SUBEX – Suppliers Balkan Expo и ќе се одржи на 26 октомври 2023 година од 13:30 до 17:00 часот, во Хотел „DoubleTree by Hilton“ - Скопје.

Овој ден ќе биде посветен на поврзување на фирмите со младите, студентите. Тие ќе можат да се информираат какви можности за дообразование постојат, какви квалификации бараат одредени профили, на што треба да посветат поголемо внимание при барањето работа, како и да учествуваат на работилници организирани од Гете Институтот.

Делот кој би бил од најголема полза за студентите и младите професионалци е на 26 октомври 2023 г., од 13:30 до 17:00 часот.

Пријавата се врши на следниот линк Пријава за Subex

Лице за контакт за подетални информации: Марија Томова Спиркоски, 070/306-822

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

КОНЕЧНА РАНГ ЛИСТА НА ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ СО ЕДЕН РОДИТЕЛ КОИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЛОВИНА ШКОЛАРИНА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024

ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА НА ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ СО ЕДЕН РОДИТЕЛ КОИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЛОВИНА ШКОЛАРИНА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Рок за приговори 20.10.2023 година. Приговорите се доставуваат на prijava@mf.edu.mk


Се информираат студентите дека најдоцна до 6.10.2023 година можат да поднесат пријави согласно Интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година


ОДЛУКА за плаќање половина износ од износот на уписнината за прв циклус на студии чие родителско право го врши еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/24 година

За дополнителни прашања обратете се на nenad.aleksic@mf.edu.mk

Пријавите се поднесуваат на prijava@mf.edu.mk


Лична изјава за број на членови на семејството


Изјава за користење на лични податоци


Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Пријави се на напреварот Формула Студент

Со задоволство ги покануваме студентите да се придужат на тимот на MES Racing (Macedonian Engineering Students), кој за прв пат ќе се натпреватува на една од познатите локации на интернационалниот натпревар Формула Студент. Целта на натпреварот е да се изработи автомобил, со кој студентите ги градат своите вештини и успеваат да ги применат знаењата кои ги стекнале во текот на студирањето, но и да научат практични работи кои нема да ги сретнат на ниедно друго место.

Со учество на натпреварот, секој студент ќе биде предизвикан да иновира, дизајнира и придонесе на производството на тркачко возило со конкурентни карактеристики, преку соодветни истражувања, производство и тимска работа во склоп на академската средина.

Битни датуми и крајни рокови:

  • Краен рок на конкурсот: 31ви октомври
  • Аплицирање како тим: декември 2023та година
  • Главното натпреварување ќе е во лето 2024та.

Може да аплицира секој кој е запишан на додипломски и постдипломски студии на УКИМ и да се придружи на инженерскиот дух на тимот.

ДОСТАПНИ ПОЗИЦИИ:

Маркетинг

  • познавање софтвер за графички дизајн и видео уредување (Adobe Photoshop, GIMP, Adobe Illustrator, Adobe Premiere Pro или слично)
  • креативно пишување на кратки текстови и содржини
  • одговорност и достапност

Проектен менаџмент

  • искуство со пишување на бизнис стратегии и планови
  • солидни презентациски вештини
  • критични вештини се SWOT и ROI анализи, како и менаџирање на ризик
  • способност за создавање и водење на финансиска анализа

Погон

  • познавање на конструкција на моторни единици, трансмисија, диференцијали и останати компоненти
  • практично искуство со расклопување, реставрација и склопување на мотори
  • способност за тестирање и анализирање на работата на погонските единици

Електроника

  • познавање од основи на електроника и аналоген дизајн
  • познавање на CAD софверски пакети (OrCAD, LTspice или KiCad)
  • практично искуство со лабораториски инструменти (осцилоскопи, мултиметри, лемилици, итн.)
  • програмирање на микроконтролери
  • анализа и обработка на податоци и електрични симулации

CAD Дизајнер

  • познавање на софтвери за 3D моделирање (Solidworks, AutoCAD, Autodesk Inventor…)
  • изработка на работилнички цртежи и општа техничка документација на склопови и потсклопови
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Аеродинамични симулации со Ansys и аеродинамични испитувања

  • искуство со изработка на струјни слики во Ansys
  • познавање на природата на флуидите
  • спроведување лабораториски истражувања на аеродинамични компоненти на болидот
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Производни технологии

  • познавање и искуство со цртање на технички цртежи
  • познавање на различни матерјали достапни на пазарот за производство
  • познавање од технолошки процеси за обработка (обработка, заварување, производство на адитиви и композитно поставување)
  • креативност за создавање на макети и прототипови
  • можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Човечки ресурси и односи со јавноста

  • меки вештини (комуникативност, networking, креативност, преговарање…)
  • одговорност, достапност и ентузијазам
  • водење на работна евиденција на тимските членови
  • континуирано следење на одзив од потенцијалните спонзори

Линк за пријавување

За секакви прашања, контактирајте нѐ на мејл адресата:

formulastudentmacedonia@gmail.com


м-р Ненад Алексиќ, Секретар

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top