Уписи 2017

 

Информација за упис на нови студенти за 2017/18 година, втор уписен рок
РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЕМ ВО ПРВ УПИСЕН РОК 2017/18
Поени со успех од средно образование - прв уписен рок 2017/18
КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Машински факултет - Скопје
ИНФОРМАЦИЈА за упис на МФС во прва година во учебната 2017/18 година

ПРАВИЛНИК за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право
УПАТСТВО за пополнување пријава

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Уписот на нови студенти на Машинскиот факултет се врши согласно одредбите во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт од Министерството за образование и наука.

Уписот на новите студенти на Факултетот се врши врз основа на успехот постигнат во средното образование. Претходна проверка на компетенциите, дополнително тестирање, на кандидатите за упис не е предвидено.

1. За кандидатите за запишување на Машински факултет во Скопје во прва година на прв циклус на студии во учебната 2017/2018 година, кои средното образование го завршиле почнувајќи од учебната 2013/2014 година и полагале државна матура (нов концепт на државна матура), предмети од средното образование кои се значајни за запишување на сите студиски програми на Факултетот и кои треба да ги содржи државната матура се следниве:

 

А/  Екстерни изборни наставни предмети:

 

А.1. Прв изборен наставен предмет:

А.1.1. За гимназиско образование и за средно стручно образование:

 - математика или

 - странски јазик

А.1.2. За средно уметничко образование:

- странски јазик или

- естетика или

- филозофија

 

А.2. Втор изборен наставен предмет:

А.2.1. За гимназиско образование и за средно стручно образование:

- странски јазик или

- математика (основно или напредно ниво) или

- хемија или

- физика или

- биологија или

- историја или

- филозофија (само за гимназиско образование)

- бизнис (само за средно стручно образование)

А.2.2. За средно уметничко образование:

- странски јазик или

- естетика или

- филозофија или

- историја

 

 Б/  Интерен изборен наставен предмет:

 

 Б.1. За гимназиско образование:

  • еден предмет од листата на општообразовни наставни предмети  по избор на кандидатите

 Б.2. За средно стручно образование и за средно уметничко образование:

  • еден предмет од листата на стручни наставни предмети по избор на кандидатите

 

2. За кандидатите за запишување на Машински факултет во Скопје на прв циклус на студии во учебната 2017/2018 година, кои средното образование го завршиле почнувајќи од учебната 2007/2008 година до учебната 2012/2013 и полагале државна матура, предмети од средното образование кои се значајни за запишување на сите студиски програми на Факултетот и кои треба да ги содржи државната матура се следниве:

 

А/  Екстерен изборен наставен предмет:

  • математика - основно ниво или
  • математика - напредно ниво или
  • странски јазик

 Б/  Интерни изборни наставни предмети:

 Б.1. За гимназиско образование:

  • два предмета од листата со општообразовни предмети по избор на кандидатите

 Б.2. За средно стручно образование:

  • еден предмет од листата со општообразовни предмети по избор на кандидатите
  • еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот

 

3. За кандидатите за запишување на Машински факултет во Скопје на прв циклус на студии во учебната 2017/2018 година, кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/2008 година  (пред воведување на државната матура), предмети од средното образование кои се значајни за запишување на сите студиски програми на Факултетот се следниве:

 

А/ Прв значаен наставен предмет - ЗАДОЛЖИТЕЛЕН:

  • Математика

Б/  Втор значаен наставен предмет - ИЗБОРЕН (се избира еден од наведените):

  • Физика
  • Техничка механика 
  • Машински елементи со механика
  • Информатика

 

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: 60 поени од општиот успех од сите предмети и 40 поени од успехот постигнат на државната матура. 

Бодирањето од општиот успех, е идентично во сите уписни рокови и за сите категории кандидати и се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

Бодирањето од успехот од државната матура за кандидатите кои полагале државна матура почнувајќи од учебната 2013/2014 година се врши на следниот начин:

За трите екстерни предмети: Кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 20. По оваа основа можат да се добијат најмногу 10 поени за секој предмет поединечно, односно најмногу 30 поени за трите екстерни предмети.

Оценките од интерниот предмет кој се полага на државната матура се множи со коефициент 1,2. По оваа основа можат да се добијат најмногу 6 поени.

Значајните екстерни и интерни предмети, врз основа на кои ќе се врши бодирање, се исти за сите студиски програми - насоки.

Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупниот успех од  државната матура може да донесе најмногу 40 поени.

 

Бодирањето од успехот од државната матура за кандидатите кои полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година се врши на следниот начин:

За  двата екстерни предмети: Кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 20. По оваа основа можат да се добијат најмногу 10 поени за секој предмет поединечно, односно најмногу 20 поени за двата екстерни предмети.

Оценките од секој од соодветните интерни предмети кои се полагаат на државната матура се множат со коефициент 1,6. По оваа основа можат да се добијат најмногу 8 поени за секој предмет поединечно, односно најмногу 16 поени за двата интерни предмети.

Значајните екстерни и интерни предмети, врз основа на кои ќе се врши бодирање, се исти за сите студиски програми - насоки.

Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупниот успех од  државната матура може да донесе најмногу 40 поени.

 

За кандидатите кои средното образование го завршиле  пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, бодирањето се врши според: општиот успех од сите предмети учествува со 60 поени и успехот постигнат по двата значајни предмети со 40 поени.  

Бодирањето на успехот од двата значајни премети се врши на следниот начин: збирот од оценките за двата значајни предмети се дели со бројот на оценките (независно колку години предметот се слушал) и вака добиениот среден успех, за секој предмет поодделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата премети. 

Значајните предмети од средното образование, врз основа на кои ќе се врши бодирање, се исти за сите студиски програми - насоки.

 

Првиот значаен предмет е задолжителен, тоа е предметот математика.

Вториот значаен предмет е изборен, кандидатот го избира од предметите: физика, техничка механика, машински елементи со механика, информатика.

Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени (најмногу 5), се запишуваат сите вакви кандидати, со тоа што во вториот уписен рок ќе бидат објавени толку места помалку.

Ако, пак, бројот на ваквите кандидати е поголем од 5, тогаш овие кандидати се рангираат според дополнителни критериуми: соодветноста на изработената проектна задача при полагањето на државната матура, освоени награди на републички и меѓународни натпревари, членови на спортски репрезентации на РМ, добиени сертификати за познавање на странски јазици на повисоко ниво и сл.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top