Германска стопанска комора - настан за вмрежување на компаниите со младите професионалци и студентите

Германската стопанска комора организира настан за вмрежување помеѓу македонски и германски/и останати странски компании, како и поддршка на програми за професионално усовршување на млади лица со цел да стекнат квалитетна пракса/обука и да станат квалитетен кадар за пазарот на трудот.

Овој настан е наречен SUBEX – Suppliers Balkan Expo и ќе се одржи на 26 октомври 2023 година од 13:30 до 17:00 часот, во Хотел „DoubleTree by Hilton“ - Скопје.

Овој ден ќе биде посветен на поврзување на фирмите со младите, студентите. Тие ќе можат да се информираат какви можности за дообразование постојат, какви квалификации бараат одредени профили, на што треба да посветат поголемо внимание при барањето работа, како и да учествуваат на работилници организирани од Гете Институтот.

Делот кој би бил од најголема полза за студентите и младите професионалци е на 26 октомври 2023 г., од 13:30 до 17:00 часот.

Пријавата се врши на следниот линк Пријава за Subex

Лице за контакт за подетални информации: Марија Томова Спиркоски, 070/306-822

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top