Team3win

Team3Win натпревар

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство  во соработка со ADAC Automotive распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на идејно решение за влез/излез од автомобил.

Натпреварот Team3Win e продолжување на серијата вакви натпревари кои за жал беа прекинати со пандемијата. Овој пат натпреварот е во соработка со етаблирана меѓународна компанија од автомобилската индустрија со седиште во Мичиген, САД.  Темата на овогодинешниот натпревар е развој на идејно решение за влез/излез од автомобил во 2035-та година.

Повикот за пријавување на натпреварот трае до 25.03.2024 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од 4 до 5 члена за студентите од сите студиски програми и сите години на Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Се препорачува членовите од тимот да бидат од најмалку три различни студиски програми.

Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат парично наградени, а од најдоброто решение ќе се изработи прототип во ФАБЛАБ при Машински факултет - Скопје

 

Пријавувањето е на следниот линк

 

 

Финалето на натпреварот Team3Win ќе се одржи во првата недела од јуни 2024-та, додека доделувањето на наградите ќе биде за време на отворениот ден на факултетот на 19.06.2024.

 

Оваа година натпреварот е под покровителство на американската компанија ADAC Automotive, реномирана компанија која добавува свои решенија за влез и излез од автомобили за компаниите Ford, General Motors, Stelantis, Honda, BMW, Mercedes, Tesla и други. Повеќе информации за активностите на компанијата можете да погледнете на следново видео.

Everything Comes Together (vimeo.com)

Работата на тимовите во текот на натпреварот ќе биде потпомогната од страна на наставниците и соработниците на Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и од инженерите во компанијата ADAC Automotive. Тие подготвија кратка презентација за предизвикот кој учесниците на натпреварот треба да го решат со цел истата да им послужи како инспирација. Погледнете ја презентацијата на следното видео.

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top